Еве како може да ви се појави стаорец во веце шолјата

A rat in the a pipe, in London. Ageing sewers, insufficient garbage collection, a lack of resources to tackle the problem: it all adds up to a growing rat population in London, one of the world's wealthiest capital cities.

Сте начуле по некоја приказна дека некој си таму нашол стаорец во веце шолјата, ама сте убедени дека тоа повеќе е мит отколку реалност. Вистината е дека се случува многу почесто отколку што претпоставуваме.

Но, како тоа големите стаорци успеваат да се провлечат низ тесните простори на тоалетот? Е тука доаѓа до израз нивната прилично уникатна биолошка способност. Приказните за флексибилноста на глувците одат до крајности. Некои велат дека глувците имаат коски што се прекршуваат, други дека немаат коски. Но тие имаат и коски, и зглобови, и граден кош, како и луѓето. Нивната фора е ‘рбетот. Имено, ако стаорец успее низ некој отвор да ја протне главата, неговото тело ќе може да го следи истото. Специјално „дизајнираните“ ребра овозможуваат лесна компресија под притисок.

А водата? Како не се дават? Се разбира, ние тоа не го гледаме, но низ канализациските цевки има мали воздушни џебови, каде стаорецот попатно може да се „надиши“. Тие се извонредно добри пливачи и лесно совладуваат вода, па така, на еден стаорец не му е невозможна мисија да ви никне во веце шолјата, и тоа од „погрешната врата“.

Еве едно одлично видео од National Geographic:

Повеќето, но не сите канализациски системи се справуваат со проблемот. Постарите системи имаат најголем проблем со стаорци бидејќи порозните цигли им овозможуваат на глувците да патуваат многу лесно. Циглите исто така привлекуваат и бубашваби и лебарки – омилената храна на канализациските глувци. Со оглед на тоа што PVC цевките не овозможуваат баш добар фат за нозете на глушецот, глувците префеираат тесни простори низ кои можат да се провлекуваат и со помош на телото. Тие обично избегнуваат сé што е доволно широко да немаат потпора и за телото освен за нозете.

Луѓето знаат да се извадат од памет кога ќе видат стаорец во веце шолјата. Најдоброто решение, освен ако сакате стаорецот да преживее, е да пуштите вода. Друга ефективна мерка е да истурите белило во шолјата и да го затворите капакот. Професионалците велат дека така стаорецот ќе умре од задушување. Отровите за глувци обично не работат, бидејќи тие хемикалии се направени за долгорочна употреба и им требаат неколку недели за да делуваат.

 

- Реклама -