Еве како Џорџ Клуни го измисли „пеглањето тестиси“

Тоа е нов третман и сите во Холивуд веќе го пробаа. Се нарекува „пеглање тестиси“, вели Џорџ Клуни.

Актерот Џорџ Клуни пред неколку месеци во текот на едно интервју се пошегува дека ги отстранил борите и тоа ни помалку ни повеќе туку на своите тестиси.

Џорџ го изјавил ова на саркастичен начин исмевајќи го начинот на живот на некои славни холивудски ѕвезди кои апсолутно за сѐ одат под нож.

„Тоа е еден нов третман и сите во Холивуд веќе го пробаа. Се вика „пеглај ми ги тестисите“, рече тогаш.

Но, не помина долго некој навистина да воведе таков третман во својата клиника.

Според Gawker во клиниката Џејми одлучиле да го воведат третманот во својата понуда. „Користиме ласери за отстранување на влакната и пеглање на борите“, изјавила сопственичката на клиниката и додала дека тој третман официјално се вика „машко ласерско подигнување“, но во принцип станува збор за „пеглање на тестисите“.

Прочитајте и:  Амал Клуни со важна улога во одлуката на Меѓународниот кривичен суд за апсење на Нетанјаху

Секако дека третманот стана огромен хит.

- Реклама -