Уште пред да имате можност да се исфрустрирате заради ограничените опции што Нетфликс ги нуди кога ќе се логирате на основната страна, треба да знаете дека илјадници и илјадници ТВ шоуа и филмови се достапни за гледање, но не секогаш се достапни за вас лично – бидејќи Нетфликс користи алгоритам што ви овозможува само опции базирани врз тоа што тие мислат дека би можеле да сакате да гледате. Сепак, постои лесен начин да најдете нешто за гледање, барем ако ги знаете тајните кодови што ги отклучуваат дополнителните категории и поджанрови.
Нетфликс има повеќе од 76.000 категории во својата датотека. Ако побарате конкретен жанр, како „aкција и aвантура“, ќе добиете специјално URL за таа категорија, што ќе гласи нешто слично на „http://www.netflix.com/browse/genre/1365“. Ако малку поиграте со бројките на крајот од линкот, ќе можете да отклучите илјадници поджанрови и категории по ваша желба. На пример, „1366“ ќе ви даде пристап до филмови со „латино танцови“, додека „2852“ ќе ви овозможи да ја погледнете селекцијата од „возбудливи Б-хорор филмови“. Категоризацијата на Нетфликс е толку прецизна што оди и до „спортски филмови за добро расположение, за деца на возраст од 8 до 10 години“ (кодот е 855), а со „2851“ ќе добиете пристап до „визуелно прекрасни филмови за деца на возраст од 5 до 7 години“. Експериментирајте малку со бројките и ќе навлезете во еден чуден и прекрасен свет на можности што Нетфликс има да ви ги понуди.
Проширени листи на кодови и жанрови можете да најдете ТУКА и ТУКА.