Бакнувајте се надвор од спалната соба, спијте голи, држете се за раце – тоа се мали гестови поради кои ќе бидете посреќни во кревет.
Што се смета за нормално кога сексот и интимноста во врската се во прашање е тема што предизвикува дебати веќе со децении.
Истражувањето на американски социолози објавено во книгата „The Normal Bar“ во кое биле анкетирани повеќе од 100,000 луѓе од целиот свет, покажува дека 40 отсто од хетеросексуалните и истополовите двојки тврдат дека имаат сексуални односи три до четири пати неделно. 48 отсто мажи и 28 отсто жени изјавиле дека се заљубиле на прв поглед, а речиси 29 отсто жени и 44 отсто мажи велат дека им пречи тоа што нивниот партнер не е поромантичен, пренесува „Daily Mail“.
Еден од авторите на книгата Џејмс Вит вели дека проучувале двојки кои тврделе дека се многу среќни и го набљудувале нивното однесување. Вели дека многу двојки се гладни за романтика и дека меѓу најсреќните двојки се кријат мали тајни за успешна интима.
„Ако го погледнете сексуалниот живот на најсреќните двојки тие излегуваат заедно, се држат за рака, јавно ја покажуваат својата љубов. Тој цел пакет романтика им помага на многу двојки да опстанат“.
Во САД 44 отсто двојки тврдат дека едвај или никогаш не излегуваат заедно, што е мал процент во однос на 53 отсто двојки во Италија, 54 отсто во Англија и 55 отсто во Франција. Анализирајќи го однесувањето на двојките, авторите сугерираат два начини како да го зголемите сексуалното задоволство. Едниот од нив е – спијте голи. Имено 34 отсто жени и 38 отсто мажи спијат со своите партнери без облека. Бакнувајте се повеќе и тоа не само за време на сексот. Меѓу американските испитаници, најсреќните двојки ја идентификувале комуникацијата како аспект на нивниот однос кој најмногу ги исполнува, а следуваат пријателството, љубовта, сексот и родителството на последно место.