2154 година. На светот постојат само два вида луѓе: многу богати кои живеат на изградена вселенска платформа по име Elysium и останатите кои живеат на напуштената, речиси уништена Земја…
Кога Стенли Кубрик во 1968 година ја сними славната „Одисеја во вселената“ (2001: A Space Odyssey) по истоимената книга на Артур Кларк, воодушевените критичари меѓу другото рекоа: „Следниот голем научно-фантастичен филм ќе се снима на лице место“.
Филмот што ова лето стигнува во кино салите, секако, не е снимен во вселената, но судејќи според информациите кои за сега се достапни нема сомнение дека ќе се бори за наследник на титулата најславен sci-fi филм на сите времиња.
Главните улоги во филмот ги играат Мет Дејмон и Џоди Фостер, а режисер е Нил Бломкамп, познат по „District 9“. Приказната се обидува да одговори на прашањето дали може денешното општество да се замисли без војни, сиромаштија и болести.
2154 година. На светот постојат само два вида луѓе: многу богати кои живеат на изградена вселенска платформа по име Elysium и останатите кои живеат на напуштената, речиси уништена Земја. Жителите на Земјата се очајни и сакаат да избегаат од криминалот и сиромаштијата, а на многумина им е потребна медицинска помош која е достапна само на Elysium.
Меѓутоа, одредени богати жители цврсто настојуваат да се донесат анти-имигрантски закони и да го зачуваат луксузниот начин на живот. Во целиот тој пекол човекот кој може да внесе рамнотежа меѓу овие два сосема спротивни светови е Макс (Мет Дејмон), обичен граѓанин во очајна потреба да дојде до Elysium. Додека животот му виси на конец тој прифаќа опасна мисија која ќе го стави во директен судир со адвокатката Делакорт (Џоди Фостер). Но, ако успее, нема да го спаси само неговиот, туку и животите на милиони луѓе на Земјата.
Погледнете го трејлерот:
[youtube]http://youtu.be/ha6zWw5saGY[/youtube]