Неколку месеци кружат гласини дека актерката има ново момче.
Конечно, Ева Лонгорија потврди дека таа и учесникот во нејзиното реално шоу „Ready for Love“, Ернесто Аргуело се во врска.
„Мислам дека затоа нашата врска е специјална. Почнавме како пријатели“, рекла 38 годишната Ева за магазинот People.
Актерката го запозна 34-годишниот Ернесто минатата година кога тој бече учесник во нејзиното неуспешно реално шоу.
Во меѓувреме, поранешниот сопруг на Ева, кошаркарот Тони Паркер објави дека ќе се жени за француската новинарка Аксел Франсин. Тони и Ева се разделија во 2011 година, а беа во брак од 2007 година.