ЕУ ви порачува да слушате потивка музика

Повеќе... Доколку сакате да уживате во својата омилена музика и на 20 и на 30 години, намалете го тонот, порачуваат од Европската унија, каде е започнато да се работи на воведувањето на нови стандарди според кои произведувачите на музички плеери ќе бидат обврзани на своите купувачи да им препорачуваат потивко слушање музика за да го зачуваат слухот.


mp3player-220x305.jpgДоколку сакате да уживате во својата омилена музика и на 20 и на 30 години – намалете го тонот, порачуваат од Европската унија, каде е започнато да се работи на воведувањето на нови стандарди според кои произведувачите на музички плеери ќе бидат обврзани на своите купувачи да им препорачуваат потивко слушање музика за да го зачуваат слухот.

Комесарката на ЕУ за правата на потрошувачите, Магдалена Кунева, изјави дека експертите од Унијата и индустријата за производство на плеери заедно работат на построги стандарди со цел да се спречи оштетувањето на слухот кај оние кои музика слушаат преку mp3 плеери и други преносни уреди.

Комесарката вели дека ризикот од оштетување или губење на слухот зависи од тоа колку долго се слуша гласна музика. Затоа таа апелираше до произведувачите на плеери во иднина задно со апаратите да вметнуваат и предупредувања за купувачите, кои би можеле да се најдат на упатството или на самиот апарат.

Според анализите на ЕУ, помеѓу 2,5 милиони и 10 милиони европски граѓани би можеле да имаат проблеми со слухот предизвикани од прегласно слушање музика преку mp3 плеер. Слушање музика погласно од 89 децибели во просек, повеќе од еден час дневно во времетраење од пет години може да доведе до значителни оштетувања или потполно губење на слухот.

Плеерите кои можат да се купат на европскиот пазар произведуваат звук од 80 до 115 децибели. Звукот над 120 децибели е еднаков на бука која ја прави авион во текот на полетувањето и слетувањето. Произведувачите на плеери се сложуваат со тоа на нивните апарати да стои предупредување за купувачите, но сакаат тие самите да спроведат анализи
за тоа колку гласното слушање музика е опасно по слухот.

- Реклама -