ЕУ в понеделник ќе почне мисија за заштита на транспортот низ Црвеното Море

Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе се состанат в понеделник во Брисел за официјално да дадат зелено светло за започнување поморска мисија за да помогнат во заштитата на меѓународните бродови во Црвеното Море од нападите на јеменските Хути, соопштија официјални лица.

Официјален претставник на ЕУ денеска рече дека блокот има за цел мисијата – наречена Аспидес, (штит на грчки) – да проработи за „неколку недели“ со најмалку четири бродови.

Досега Франција, Германија, Италија и Белгија наведоа дека планираат да придонесат со бродови.

Командант на мисијата ќе биде Грк, додека главен офицер за оперативна контрола на море ќе биде Италијанец, рече претставникот на ЕУ.

ЕУ вели дека мандатот на мисијата – првично определен за една година – е ограничен на заштита на цивилни бродови во Црвеното Море и дека нема да бидат извршени напади „на јеменска почва“.

Прочитајте и:  Француски медиуми: Трамп сака трошоците за обнова на Украина да ги сноси ЕУ

САД веќе ја предводат сопствената поморска коалиција во областа и извршија напади врз Хутите во Јемен заедно со Велика Британија.

- Реклама -