ЕУ отвора канцеларија на Гренланд во потрага по критични суровини

Европската комисија на 15 март ќе отвори Канцеларија на Гренланд, остров богат со ретки суровини од стратешко значење за зелената транзиција во Европа. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен и данската премиерка Мете Фредериксен, ден по посетата на Фарским острвима, во главниот град на Гренланд, Нуку ќе отворат Канцеларија на ЕК.

Гренланд и Фарските Острови не се дел од ЕУ, но, се автономни региони на Данска, земја-членка на Унијата.

Поради топењето на мразот на Арктикот, побарувачката за материјали што се користат за развој на зелени технологии и конкуренцијата од Кина, Гренланд станува се поважен за Брисел. Се верува дека најголемиот остров на светот има 25 од 34 ретки материјали потребни за транзиција кон чиста енергија.

Минатиот ноември, ЕУ и Гренланд потпишаа Меморандум за разбирање за стратешко партнерство за развој на одржливи синџири за снабдување со суровини.

Прочитајте и:  Идна надворешна политика на ЕУ: Главна е поддршката за Украина, поделба на Косово не доаѓа предвид

Министерката за економија, трговија и суровини на Гренланд, Наја Натаниелсен изјави дека Канцеларијата на ЕК ќе служи како „локална платформа за трансатлантска соработка меѓу ЕУ и Гренланд и дополнително ќе се надоврзува на веќе постоечките и развиени односи кои траат со децении“.

– Договорот за минерални суровини е од заеднички интерес. На Гренланд му е потребна билатерална соработка за развој на секторот, за што е потребен значителен капитал и долгорочни инвестиции. Ако западниот свет сака одржливи разновидни безбедни синџири на снабдување, некои од тие минерали ќе мора да доаѓаат од помали земји, како Гренланд. Немаме економска сила сами да инвестираме во секторот за минерални суровини, посочи Натаниелсен.

- Реклама -