ЕУ испраќа уште 500 генератори за струја во болниците и училиштата во Украина

Европската комисија објави дека ЕУ обезбедува од своите стратешки залихи 500 генератори за производство на електрична енергија во болниците и училиштата во Украина.

Електропреносната мрежа во земјата е под постојан руски оган, се забележува во пораката.

Се додава дека и покрај напорите, невозможно е да се врати мрежата. Новата пратка е со вкупна вредност од 16.5 милиони евра, додаваат од Комисијата.

Досега ЕУ ѝ обезбеди на Украина 5.500 генератори, од кои 2.178 се од европските залихи. Украина доби и трансформатори, високонапонска опрема и светилки од ЕУ.

Норвешка, Турција, Северна Македонија, Исланд и Србија, исто така, учествуваат во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ, кои понудија медицинска опрема и засолниште, како и возила, се вели во соопштението. Досега Украина доби 98 илјади тони помош во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Прочитајте и:  Сиљановска Давкова лично и го честиташе изборот на Шекеринска за заменик-генерална секретарка на НАТО

Повеќе од 2.900 жртви на војната беа пренесени од Украина во 22 земји во ЕУ на лекување. Целокупната европска помош во рамките на механизмот за цивилна заштита за украинската страна достигнува 796 милиони евра, додава ЕК.

- Реклама -