ЕУ го казни Google со 1.5 милијарда евра, пак

Антимонополските регулатори на ЕУ денеска му изрекоа нова казна на Google, во висина од 1.49 милијарди евра. Причината е злоупотреба на доминантната позиција во онлајн огласувањето.

Ова на Google не му е ни прва, ни втора, туку трета казна во последните две години. Регулаторните органи на ЕУ лани ја казнија компанијата со рекордни 4.34 милијарди евра, поради тоа што својот оперативен систем Android го користела за блокирање на конкурентите. Претходно, во 2017-та, Google беше казнет со 2.42 милијарди евра, исто така поради злоупотреба на доминантната позиција на пазарот.

Прочитајте и:  Усвоени два нови закони за зајакнување на кибер безбедноста од Советот на ЕУ
- Реклама -