ЕУ ги зголемува царините за кинеските електрични возила, за некои и до 38.1 отсто

Европската комисија денеска ги извести кинеските производители на електрични возила за дополнителни царини за нивните производи кои ќе стапат на сила на почетокот на следниот месец.

Како што се наведува во соопштението, за автомобилите на фирмата „Би-Вај-Ди“ (BYD) во иднина ќе се плаќа царина од 17,4 отсто, компанијата „Гили“ ќе плаќа 20 отсто, а Ес-Еј-Ај-Си (SAIC) 38,1 отсто.

Другите кинески производители на автомобили ќе плаќаат царини од 21 отсто, додека компаниите кои не соработувале во истрагата на ЕУ за субвенциите се соочуваат со царина од 38,1 отсто. Досега царините за увоз на кинески електрични автомобили изнесуваа 10 отсто.

Германскиот канцелар Олаф Шолц претходно овој месец предупреди на последиците од ограничувањето на трговијата со Кина, велејќи дека Европската унија не треба да ги затвора своите пазари за странски компании. Ако Кина возврати со реципрочни мерки, германските производители на автомобили како Фолксваген или Бе-Ем-Ве (БМВ) ќе бидат најтешко погодени, пренесува Блумберг.

Прочитајте и:  Стано: Нападот со интерконтинентална ракета врз Украина е сигнал дека Путин не е подготвен за мир
- Реклама -