ЕУ ги казни Епл и Гугл со милијарди евра

Двете одлуки се силен удар за доминацијата на технолошките гиганти во Европа и се значајна победа за регулаторите од ЕУ. ЕУ ги истражува и контролира големите технолошки компании за повеќе причини, вклучително и за безбедноста на децата на Фејсбук.

Судските пресуди беа тест за шефицата на конкуренцијата на блокот во заминување, Маргрете Вестагер, која претрпе серија неуспеси во судовите на ЕУ против нејзините одлуки.

Една од најжестоките правни битки меѓу Европската комисија и големите технолошки компании, случајот на Епл датира од 2016 година кога извршната власт на ЕУ тврдеше дека Ирска му дозволила на производителот на Ајфон да избегне милијарди евра даноци.

Тоа беше една од неколкуте истраги во претходната деценија за даночните аранжмани меѓу големите компании и неколку земји од ЕУ.

Производителот на Ајфон ја доби предноста во долгогодишниот случај со Ирска во 2020 година, кога Генералниот суд на ЕУ ја поништи наредбата Епл да ги плати долговите – одлука што Брисел ја обжали.

Но, на Епл му беше зададен удар во ноември минатата година, кога главниот правен советник на Вишиот Европски суд на правдата препорача да се укине таа одлука, велејќи дека таа е преполна со правни грешки.

Европскиот суд на правдата ја отфрли жалбата на Гугл и матичната компанија Alphabet против паричната казна, изречена во 2017 година, откако Брисел утврди дека Гугл ја злоупотребил својата доминантна позиција фаворизирајќи ја сопствената услуга Google Shopping во резултатите од пребарувањето.

Гугл ја загуби својата последна жалба бидејќи судот ја потврди казната од 2,4 милијарди евра што ја препорача врвен советник во јануари.

Прочитајте и:  За да ја сруши доминацијата на iPad, Google ги спојува ChromeOS и Android

Иако ваквите советодавни мислења не се обврзувачки, тие имаат тежина и често се следат од судиите на ЕУ во нивните одлуки.

Тоа не е едиснтвената казна за Гугл. Компанијата беше погодена со рекордни казни во вредност од околу 8 милијарди евра за кршење на правилата за конкуренција на ЕУ во периодот од 2017 до 2019 година.

Гугл се соочува со уште еден тест следната недела кога највисокиот суд на ЕУ ќе одлучи за најмалата од тие казни, вредна околу 1,49 милијарди евра.

Правните главоболки за Google се зголемуваат и преку Атлантикот.

Судењето започна во понеделникот во Соединетите Американски Држави каде владата го обвинува Гугл за доминација на онлајн рекламирањето и задушување на конкуренцијата.

Тоа доаѓа откако американски судија минатиот месец пресуди дека Гугл го одржува монополот со својот пребарувач.

Таканаречената рекламна технологија на Google – системот што одлучува кои онлајн реклами ги гледаат луѓето и колку чинат – е област од особена грижа за регулаторите ширум светот.

Брисел, во прелиминарното судење минатата година, го обвини Гугл за злоупотреба на својата доминација на пазарот на онлајн реклами и препорача американската компанија да продаде дел од своите рекламни услуги за да обезбеди фер конкуренција. Гугл имаше право да одговори, а истрагата останува отворена.

Одделно, британското тело за заштита на конкуренцијата во петокот заклучи дека Гугл користи „анти-конкурентни практики“ во однос на онлајн рекламирањето по двегодишна истрага.

Извор: Fortune

- Реклама -