ЕУ до Албанија: Изведете ги пред лицето на правдата сите корумпирани, тоа е од витално значење за членството на земјата и иднината на народот

Тирана, 9 декември 2021 (МИА) – Делегацијата на ЕУ во Тирана на Меѓународниот ден за борба против корупцијата, упати силна порака до албанските институции нагласувајќи дека корупцијата ги исцрпува виталните ресурси на Албанија, влијае на владеењето на правото и довербата на јавноста во институциите и значително го забавува економскиот развој.

-Корупцијата ги исцрпува виталните ресурси на Албанија, влијае на владеењето на правото и довербата на јавноста во институциите, како и значително го забавува економскиот развој. На Меѓународниот ден за борба против корупцијата, ги повикуваме сите институции да ги интензивираат своите антикорупциски акции и да ги изведат пред лицето на правдата сите инволвирани во коруптивни дела, порачува делегацијата на ЕУ во Тирана.

Во објавата на Фејсбук, јасно се наведува дека борбата против корупцијата е од витално значење за „иднината на албанскиот народ и за членството на Албанија во ЕУ“.

-Тоа е од витално значење за иднината на албанскиот народ и за членството на Албанија во ЕУ. ЕУ стои покрај Албанија и нејзиниот народ во оваа војна, се вели во пораката на ЕУ.

- Реклама -