Есма во филмот на Борат

esmaПознатата "Чаје шукарије" што ја пее кралицата на ромската песна Есма и
песната "Сики сики баба" на "Кочани оркестар" ќе се најдат на цедето со
музика од филмот „Борат“.

esma_fullПознатата "Чаје шукарије" што ја пее кралицата на ромската песна Есма и песната "Сики сики баба" на "Кочани оркестар" ќе се најдат на цедето со музика од филмот на познатиот казакстански комичар, Борат Сагдиев, алтер его на британскиот комичар Саша Барон Коен, кого го познаваат и како минатогодишен водител на "Ем-ти-ви мјузик авордс".


Комичарот Борат заедно со издавачката куќа "Кучак рекордс" и "Даутаун/Атлантик рекордс" ќе го издаде цедето дури откако ќе биде готов неговиот филм "Борат". На ова цеде ќе се најдат 18 песни, а освен песните од Есма и "Кочани оркестар" ќе се најде и познатата "Ерделези" од Горан Бреговиќ.

Кралицата на ромската песна Есма, вели дека прв пат слуша оти таа песна ќе се најде на цеде од музика за филм.
-Не сум информирана. Не ми се јавил ниту мојот менаџер од странство, Што значи дека не го прашале и него. Но, ако на децето се потпишани авторите немам ништо против, ни рече Есма.

 

ВЕСТ 

- Реклама -