Ескобар: Договорот од Охрид е правно обврзувачки, иако не е потпишан

Специјалниот пратеник на Стејт департментот за Западен Балкан, Габриел Ескобар, денеска изјави дека договорот постигнат во Охрид пред два дена е чекор кон нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и дека е правно обврзувачки, иако не е потпишан.

На онлајн прес конференција, Ескобар истакна дека е потребна голема храброст и визија од српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерот на привремените институции Аљбин Курти за да се стигне до таму.

„Овој договор е правно обврзувачки за двете страни. Иако не е потпишан, тоа е договор во секоја смисла“, рече специјалниот пратеник и прецизираше дека тоа навистина значи – во секоја смисла.

Според него, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, јасно стави до знаење дека страните се обврзале и дека спроведувањето на договорот ќе влијае на европскиот пат на двете страни.

Прочитајте и:  Мицкоски за барањето на Ахмети: Косово да интервенира кај уставните судии кои ДУИ и СДСМ ги избраа? Шокантно

„Договорот е пат кон помирување на Србија и Косово. Важно е да разјасниме како ќе постапат двете страни. Имплементацијата мора да почне веднаш и двете страни ќе имаат корист од тоа. Сметам дека најважни се евроатлантските интеграции. Ќе направиме напредок само ако договорот почне да се применува што е можно поскоро“, рече тој.

„За двете страни е важно да се спроведе сѐ што остана од Бриселскиот договор. Тоа се очекува од двете страни. Ќе продолжиме да работиме со двете страни и со нашите партнери“, додаде Ескобар.

МИА

- Реклама -