Есенски здолништа во облик на школка

Ретко која девојка не ги обожава здолништата со должина до или малку под колената, особено широките и со шарени дезени.

Тие ја истакнуваат исклучително добро женската силуета и елеганција, што ги вбројува меѓу фаворитите во многу гардероби од женскиот свет. Материјалите од кои се изработуваат, се исклучително различни и интересни. За жал кај нас овој тип здолништа се уште не се многу популарни, иако интересот за нив расте постојано. Ова ги прави потешки за откривање по продавниците и значително атрактивни кога ќе излезете на улица со нив. Сепак не е тешко да го пронајдете  својот модел, под услов да сакате и да вложите малку повеќе напор и подолг шопинг.

Интересно е дека многу од моделите се изработуваат од различен тип ткаенини за завеси и дамаски, кои се исклучително погодни за целта и нудат огромен спектар на бои, отпечатоци и дезени.

Таканаречените здолништа – школка,  можат да се комбинираат успешно со многу голем дел од облеката во плакарот. Во зависност од сезоната, во кој ја носиме, може да ја преклопиме подеднакво добро како со маица, така и со кошула, обична блуза  или џемпер. Високите потпетици не се задолжителни, но придонесуваат за издолжување на силуета и за елеганцијата на заедничката визија.

2ecdf348f69c6abf41be7cba4654f24a 3d323d10e2fe85bccef6297e19ff800b 5be1aacef92f48853e6e4ed467953fbc 5dcadf7a311c900af8fce8532c5f2709 7c9232746e9b2272d09594479b59a775 7fa1ea7642125e8da0cafa62d27366b2 43d292b9ada87a3974f9c0fda3e84a98 49be308c8097053d3160ec1a31277204 79b4ff79e7cf48c61aa142303f7d47a8 601d42fa46bfdd1bc6fa34dc449d224b 797d97585ca65ee2d99ee32e6f2ca736 3113e69441b54503a7b0c7c29088a020 8850ddfd3d816dbbad8c1cadf31157a5 28249fdc68459d02bc581719a14e9053 70002ecd1ea87b4cf506211ec44f7d7a 349488a8aece845ef1960a66da33a5a5 aaa02d7c47dbb8e102f38696b214e3f7 ab1d4b4aa2a41305bc3a6a3666c12be6 ab58b95aa281f7b7d7486cfbfe70ecf8 cdf1ad6a9cb28a45010ae5800a7940fc d9d66cc0eab839c85922333bc2b2a982 d8975e2facb7c4be3e53b882a457f9dc dddfcf9c2f16a44d69df6f372b5f0114 e1faf2b2cbeb6c94d5c9a7530c24682c e473e55dd93b084b176bc3021216e50f ef5fb0a408c81af0381ae50c36b93db6 fde4a850860266c6546ce51f0c0c90b8

 

- Реклама -