Мхитаријан сам го даде вториот гол против Ајакс и ги скрати надежите на холандскиот тим во финалето на Лига Европа, ама практично – немаше избор.
При изведувањето на корнерот тргна да се враќа назад, напуштајќи го противничкиот шеснаесетник. Тоа го забележа Андер Ерера, и размафтувајќи се со рацете и својот авторитет на можеби иден капитен, го натера Мхитаријан да се врати во нападот пред голот. И овој, што да прави, даде гол.
Herrera the little genius is at it again 👏 pic.twitter.com/jNgCXO1FzD
— Man Utd Videos ⚽️🎦 (@ManUtdVines) May 25, 2017