Еректалната дисфункција и мигрената поврзани?

Најновото истражување спороведено во Тајван дојде до заклучок дека мигрената и еректилната дисфункција се поврзани.

Резултатите од истражувањето биле објавени во списанието “Cephalalgia”, а во истражувањето биле опфатени околу 23 000 мажи од кои 5 700 имале еректилна дисфункција.

Според резултатите од истражувањето, 63 % од мажите на кои им е дијагностицирана еректилна дисфункција боледуваат и од мигрена.

Како еректилната дисфункција е поврзана со мигрената сè уште не се доволно познати, но со сигурност се знае дека луѓето кои имаат дијагностицирано еректилна дисфункција имаат поголем ризик да заболат од мигрена за разлика од оние луѓе кои немаат ваков проблем – изјавуваат Тајванските научници.

Поврзаноста на еректилната дисфункција и мигрената е докажана и сега треба да се насочиме кон истражување на причините за нивната поврзаност – додаваат тие. Еректилната дисфункција инаку претставува пореметување при коешто мажот неможе да постигне нормална ерекција.

Прочитајте и:  Три најздрави намирници за мозокот, според лекарите

Објавено во соработка со За Здравје.

- Реклама -