Ердоган ѕирна во кабината на рускиот стелт ловец Су-57 (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега го посетија отворањето на Меѓународниот саем на авијацијата и вселенското истражување МАКС-2019 во московското предградие Жуковски

Путин ја искористи приликата да му ја покаже на гостинот од Турција кабината на повеќенаменскиот стелт ловец Су-57.

Ердоган е во еднодневна посета на Русија каде со Путин ќе разговара, пред сѐ, за ситуацијата во Сирија.

Тој денес кажа дека неговата земја ќе ја зголеми трговската размена со Русија за 25 милијарди евра на 100 милијарди.

Придружуван од Путин во Москва, Ердоган истакна дека извозот на Турција во областа на одбраната и авијацијата достигнал 2,8 милијарди долари во 2018, и дека технолошката соработка ќе ги продлабочи врските со Русија.

Во претходните месеци, турската набавка на рускиот ракетен систем С-400 предизвика гнев кај официјален Вашингтон, а покрај тоа што Анкара беше суспендирана од програмата за производство на американскиот авион Ф-35, САД се закануваат со дополнителни санкции.

Останатото ТУКА

- Реклама -