Ердоган до Путин: Турција нема да признае ниту една мерка која влијае на интегритетот на Украина

Истанбул, 23 февруари 2022 (МИА) – Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, во денешниот телефонски разговор, го предупредил својот руски колега Владимир Путин дека Турција „нема да признае каква било мерка што ќе влијае на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина“, соопшти турското претседателство.

Ердоган, исто така, на рускиот претседател му кажал дека „воениот конфликт нема мокому да му донесе ништо добро“, додаде претседателството, без да прецизира колку долго траел разговорот меѓу двајцата лидери.

Путин во понеделникот ги призна двата сепаратистички региона во источна Украина, Доњецк и Луганск, и вчера доби согласност од Парламентот да ја употреби армијата надвор од Русија.

Западот и Украина стравуваат дека Русија подготвува неизбежна инвазија на оваа земја.

Прочитајте и:  Рускиот напад со интерконтинентална ракета ги подигна полските борбени авиони
- Реклама -