Ердоган: Новите израелски напади врз Либан ќе доведат до проширување на војната во целиот регион

Новите израелски напади врз Либан ќе предизвикаат ширење на војната во целиот регион, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Њујорк.

-Неодамнешните напади врз Либан и неодамнешните изјави на Израел се јасна манифестација на напорите за ширење на војната во регионот, рече Ердоган, нагласувајќи дека мирот во регионот е загрозен од геноцидот што Израел го спроведува во палестинските земји, особено во Појасот Газа, јави агенцијата Анадолија.

Ердоган, на настанот организиран од Турско-американскиот национален управен комитет (TASC) во Њујорк, рече дека глобалните институции и организации не презеле никакви ефективни чекори за да се стави крај на „угнетувањето во Газа или да се спречи масакрот извршен од Израел“.

Прочитајте и:  ИДФ изведе десетици воздушни напади врз јужен Либан

Турскиот претседател оцени дека институциите чија должност е да обезбедуваат мир и безбедност се „очигледно во состојба на морален колапс“ и додаде дека полека ја губат ефикасноста и кредибилитетот.

- Реклама -