Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е највлијателниот муслиман на светот, објави Кралскиот исламски центар за стратешки истражувања во јубилејното десетто издание на годишникот „500 највлијателни муслимани“ за 2019-та година.
По турскиот лидер, втор највлијателен муслиман е кралот на Саудиска Арабија – Салман бин Абдул-Азиз ал-Сауд, додека третото место му припаѓа на кралот на Јордан – Абдулаху II бин Ал-Хусеин.
Едицијата потсетува дека Ердоган во 2014 година стана првиот директно избран претседател на Република Турција, како и дека вториот мандат го доби на овогодишните избори. Како негов придонес за Турција се наведува економскиот раст, уставните промени и соработката со земјите од целиот свет.