Не, не е фотошоп. Змијава стварно „носи“ црна цвикера и тенки макро мустачиња.
Сликава од нејзините уникатни шари беше објавена на Твитер, на профилот на Texas State Parks. Се работи за неотровен вид змија позната како „Western rat snake“, која обично живее во централна Северна Америка. А и зошто да е отровна? Меѓу фраерлук и отров, вие зар не би го избрале истото?