Девојка која води видео-блог снимила клип на којшто го покажува Ајфон 10 (Ајфон Х) на „Јутјуб“. Таа го добила телефонот од својот татко.
Она што е спорно во целата приказна е што таткото на девојката е (бил) инженер во „Епл“ кој го имал уредот уште пред официјално да биде пуштен во продажба. Видеото објавено на нејзиниот видео-блог е снимено во бифето на „Епл“ и таа на своите следбеници им го презентира новиот Ајфон.
Видеото брзо станало вирално, но и за уште пократко време било отстрането од „Јутјуб“ и тоа на барање на „Епл“. Сепак, овој потег донел отказ на нејзиниот татко, на што блогерката Брук Амелија Петерсон изјавила: „Без разлика колку добра личност сте, ако прекршите правило, нема да ве толерираат.“
Ајфон 10 веќе може да се резервира, а наскоро ќе биде достапен и во салоните и продажните места на „Епл“.