Согледајте ги сите позитивни и негативни страни на епидуралната анестезија, пред да донесете одлука дали ќе ја користите на породувањето или не. Еве мала помош…
Денес голем број жени во светот и кај нас се породуваат со помош на епидурална анестезија, и додека некои имаат добри искуства, други се категорично против овој вид на породување.
Со цел да им го олесни процесот на собирање на потребни информации, сајтот Babyexpert.com направи список на добрите и лоши страни на епидуралната анестезија. Ви ги пренесуваме во нивната „ За и против листа“
ЗА:
Одлична е за ослободување од болките.
Овозможува да се одморите на породувањето.
Количина епидурална може да се додава во текот на породувањето.
Кога ќе започне да попушта, имате чувство кога треба да се напнува и турка.
Можете да размислувате за време на породувањето.
Супстанците кои ги содржи епидуралот немаат лошо влијание на вашето бебе.
ПРОТИВ:
Го нема секогаш, може да се случи да не е достапен кога ќе ви биде потребен.
Може да го успори процесот на „туркање“.
Го зголемува ризикот од интервенција ( извлекување на бебето, форцепс метод или вентуз)
Може да доведе до опаѓање на нивото на шеќер во крвта кај родилките.
Мора да се следи работата на срцето на бебето.
Може да предизвика тресење и силна главоболка.
За да се одлучите полесно, во болницата треба да ги поставите следните две прашања:
1. Која количина на анестезија е достапна во болница?
2. Колку време пред породувањето треба да побарате епидурал?
3. Ќе чувствувам ли дека треба да „туркам“ за време на породувањето?
Понатаму, одлуката останува на вас. Целта ни е сепак да ви дадеме до знаење дека мислењата се поделени и неопходно е убаво да распрашате стручно лице на оваа тема.