Терминот „cougar“ настана во Америка, а се користи за дами кои се впуштаат во врски со многу помлади мажи. Иако ваквите врски кај нас се табу тема, во Србија тоа не е ретка појава и тоа меѓу познатите личности.
Милица Церановиќ и Никола Сариќ Сајко
Сајко и 10 години постарата Милица ја започнаа врската во 2009 година, по неговото учество во музичкото реално шоу „Операција Триумф“ каде што се запознаа.
Дубравка Мијатовиќ и Маринко Маџгаљ
Дубравка по раводот со актерот Горан Радаковиќ се омажи за 10 години помладиот колега Маринко. За својот брак не зборуваат јавно, но Маринко во една од ретките изјави за разликата во годините рече дека тоа не може да биде пречка за вистинска љубов.
Весна Змијанац и Жељко Ристиќ
„Таа во духот секогаш била помлада од мене, а откако направи фејс лифтинг, да бидам искрен, јас изгледам постаро од неа“, рече во една прилика претприемачот Жељко, избраникот на печајката Весна Змијанац која е постара од него 14 години.
Тања Војтеховски и Ненад Чанак
Романсата на водителката и бизнисменот од Нови Сад, кој е помлад од неа 13 години, траеше повеќе од две години, додека во нивната врска не помеша прсти пејачката Ена Попов.
Гоца Тржан и Радомир Раша Новаковиќ
Шест месеци откако го се разведе, Гоца Тржан обелодени дека повторно е вљубена и тоа во 14 години помладиот Раша.
Анабела Буква и Младен Радуловиќ
Романсата ја почнаа во реалното шоу „Големиот брат“, љубовта цветаше, зборуваа за заеднички живот, но раскинаа. Сите нивни заеднички фотографии за време на едногодишната врска укажуваа на идилична врска иако се шпекулираше дека станува збор за медиумски трик.
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ
Пејачката и фудбалерот се во среќен брак иако тој е помлад седум години од неа. Имаат две ќерки, Ника и Атина. Јелена повеќе пати изјавува дека Душко најмногу ја освоил со првиот бакнеж кој не личел на ниту еден друг во нејзиниот живот.
Наташа Беквалац и Влада Вуксановиќ
Врската меѓу пејачката и манекенот не можеше да побегне од очите на јавноста, особено заради нивното заедничко патување на Ибица, каде што снимија спот за песна на Наташа во кој Влада ја има главната улога. Од раскинувањето и смирувањето во март изгледа дека нивната врска никогаш не била поцврста.