Внатрешниот дизајн може да ве транспортира до различни делови на светот.
Не е важно каде се наоѓа вашиот имот, вие можете да „живеете“ на местото на кое што сакате да бидете, користејќи разни бои, ткаенини, мебел и додатоци.
Дел од современите трендови во дизајнот на ентериер е медитеранскиот стил , кој е релаксирачки, пријатен и истовремено визуелно прекрасен. Овој безвременски стил за украсување на домот пресоздава безгрижна атмосфера и начин на живот без стрес.
Трендовите во медитеранскиот дизајн се комбинација помеѓу природни материјали и бои во собата. За создавањето на еден навистина пријатен ентериер кој емитува спокојство, специјалистите препорачуваат да се користат бои и нијанси, блиски до оние на небото и земјата. Погодни за овој стил се комбинациите на бела со портокалово, лаванда, жолта, зелена, сина, беж или кажано со други зборови сите тонови кои ја рефлектираат убавината и грациозноста на медитеранската клима.
Во модерниот ентериер и мебел во медитерански стил се користат зелени, сини и песочни нијанси кои ги отслкуваат прекрасните морски пејзажи . Друг главен акцент се мозаичните плочки кои наоѓаат широка примена како декорација во кујната.
При дизајнирање на ентериер во медитерански стил изборот паѓа на најубавите грчки, шпански и италијански парчиња мебел, во повеќето случаи во бели нијанси кои се безвременски и секогаш се актуелни . Удобните големи софи се одличен избор за нов мебел, но ако не сакате или немате можност да ги замените старите столици и софи, можете да ги претапицирате со природни материјали и да поставите како дополнителен акцент шарени перничиња врз нив. На овој начин ќе добиете убав и модерен ентериер со удобни и скроммо детали.
Бојадисувањето на ѕидовите и таванот во топли жолто-портокалови нијанси можат да бидат доволни за да се создаде медитеранска атмосфера, но додавањето на соодветен мебел и опрема ќе го зголемат саканиот ефект.
Медитеранскиот внатрешен дизајн е едноставен и елегантен, тој носи романтично расположение во домот.