Меки, нежни, релаксирачки, но сепак впечатливи – пастелните нијанси носат доза на романтизам во себе и истовремено го оживуваат ентериерот.
Светлите тонови на сината, зелената и розовата се идеални за да внесете свежина и чистота во просторот во кој престојувате и визуелно да го зголемите истиот.
Стилот кој се карактеризира со бисерно – сиви и кремасти нијанси на ѕидовите и мебелот е познат како шведски.
Предноста на пастелните бои е во тоа што тие се еластични – во зависност од нивните подтонови можете да доловите и топол и ладен ефект на ентериерот.