Кога имате мал стан како овој, важно е да се искористи целиот простор што го имате најдобро што може. Не треба да има залудно потрошен простор и треба да го искористите секој аспект на распоредот и дизајнот во ваша корист. Тоа е токму она што сопственикот на овој стан го остварил. Станот има само 40 квадратни метри но, може да бидете сигурни дека секој мал детал е добро избран.
Овој стан е навистина конфорен за живот на една личност и поседува се што е потребно за сопственикот да се чувствува удобно. Дневната соба е најпространа и е украсена убаво. Има бели ѕидови кои овозможуваат просторот да изгледа поголем, а го вклучува и просторот за седење, како и работното катче.
Кујната е скоро целосно бела и тоа го прави просторот да изгледа помалку тесен. Вклучува мала трпезарија со мала маса и столови поставени во близина на прозорец.