Ентериер од сламки

intro_joshiokaЗемете два милиони сламки, аранжирајте ги уметнички, направете да сјаат и еве ви го ентериерот на Токуџин Јошиока наречен „Торнадо’, претставен и инсталиран на Design Miami конференцијата одржана во декември минатата година, во Мајами.


tokujin_yoshioka_1Земете два милиони сламки, аранжирајте ги уметнички, направете да сјаат
и еве ви го ентериерот на Токуџин Јошиока наречен „Торнадо’, претставен
и инсталиран на Design Miami конференцијата одржана во декември
минатата година, во Мајами.

За оваа инсталација авторот е прогласен за Дизајнер на годината (2007). Токуџин Јошиока е роден и работи во Јапонија, а познат е по употребата на материјали од секојдневието, кои ги трансформира во магични форми и предмети. Во 2000 година ја основал фирмата Tokujin Yoshioka Design, а досега има дизајнирано за Lexus, Apple, Peugeot, Toyota, Bang Olufsen, BMW, Audi и други.

Прочитајте и:  Истражување: Јапонците најмалку уживаат во љубовниот живот

„Чест ми е што сум прогласен за дизајнер на годината на Design Miami. Дизајнот предизвикува емоции, го радува човечкото срце и ги трансцендира јазичните, националните и етничките граници“, изјавил Јошиока.

Design Miami манифестацијата секоја година му доделува награда на оној дизајнер чии дела се одликуваат со квалитет, оригиналност и влијателност, дела што ги прошируваат границите на уметноста, архитектурата и дизајнот. Во продолжение следат фотографии од делото „Торнадо“ на Токуџин Јошиока, а за тоа што друго беше прикажано на оваа дизајнерска конференција погледнете тука.

tokujin_yoshioka

tokujin_yoshioka_2

tokujin_yoshioka_3

tokujin_yoshioka_4
- Реклама -