Ендемична и реликтна – флората и фауната во Р.Македонија

Со право можеме да кажеме дека ретко во светот да постои земја која на толку мал простор има толку богат и разновитен растителен и животински свет. Македонија изобилува со карактеристични примери на флора и фауна.

Република Македонија, која се наоѓа на релативно мал простор со средна надморска височина од 800 м го зазема централниот дел на Балканскиот Полуостров. Ова тло има мошне сложена географска, хидрографска и релјефна структура така што овде се среќаваат три тектонски езера, повеќе од 30 леднички езера, 110 вештачки акумулации, 15 планински врвови, кои ја надминуваат надморската височина од 2.000 м, околу 15 котлини и околу 35 поголеми и помали реки. Од површината на земјата (25.713 км2) под ливади се 1,7 %, пасишта околу 17,5 %, шуми 34,5 %, езерски води околу 2 %, а останатиот дел обработливи површини, шумско земјиште, населби и друго.

florasarplanina1

Поради различните горенаведени природни услови, секако и климатските, Македонија е една од ретките земји во Европа по своето богато разнообразие. Како примарно ќе го споменеме богатството на флората и фауната, кои се одликуваат со многубројни реликтни и ендемични видови.

Во однос на флористичкото богатство досега се регистрирани околу 135 ендемични видови, од кои 111 се локални ендеми со многу ограничено распространување додека останатите 24 се среќаваат во пограничните плинини кон Грција, Албанија и Србија и Црна Гора.

Иако се во изобилие, сепак во ова излагање ќе наведеме само неколку примери на ендемични и реликтни видови и тоа: Македонски мразовец (Colchicum macedonicum Kosanin) повеќегодишно тревесто растение со луковица, кое се наоѓа единствено на врвот на Солунска Глава на планината Јакупица. Цветовите се поединачни составени од шест издолжени елипсовидни ливчиња со розово-виолетова боја. Се развива на планински пасишта од 1.900 до 2.000 м надморска височина.

temjanuska-Viola-odorata

Алшарска темјанушка (Viola allchariensis) повеќегодишно тревесто растение, кое се среќава само во околината на рудникот Алшар, 40 км јужно од Кавадарци. Цветовите на ова растение се темновиолетови без мирис со големина од 2,2 до 3 см. Цвета во периодот од април до октомври, а може да се сретне и во западните делови на Македонија – Гостиварско, Мавровско. Исклучително убаво растение е Кајмакчаланскиот каранфил (Dianthus kajmaktzaianicus). Тоа е многугодишно високопланинско растение прилегнато кон почвата или малку исправено, така што образува многубројни гранчиња кои на врвот завршуваат со цветови. Се наоѓа на планинските врвовите на околу 2.500 м, а овој јужнобалкански ендемит е познат само за врвот Кајмакчалан на планината Ниџе. Во контекс на овие раритетни растенија ќе ги споменеме и Маријанино лале, Емова мајчина душичка, Македонска муза, Хорватиќев чистец и др.

Nic55014

Во однос на дендофлората во Македонија се среќаваат неколку реликтни видови, а тоа се Дивата фоја (Juniperus excelsam Bieb) – источно медитерански вид, чиј ареал во Македонија, во климатски поглед преставува преодна област помеѓу Медитеранот и Средна Европа; Македонскиот даб (Guercus macedonica), кој е реликтен терциерен вид кој има развиен ареал во западниот дел на државата; Гол човек (Arbutus andrahne L), преставува зимзелено дрво од Источниот Медитеран и Прнарот (Quarcus coccifera L), медитерански вид кој се јавува во најтоплите делови во Македонија (од Демир Капија до Гевгелија). Интересна група растенија се токсичните, чиешто дејство може да усмрти човек, но малкумина се запознаени со ова. Daphne laureola L., или кај народот позната како Дива ловорика. Сите делови на растението се токсични, а бидејќи многу потсетува на лорбер (ловор), оттаму и неговото име. Euonymus europaeus L.-, или Курика, исклучително отровно растение, чијашто смртна доза изнесува 30 зрна. Маслиница или латинско име Daphne mezereum L., чии плодови се особено отровни. Оваа група токсични растенија опфаќа и многу други.

Освен ендемичната флора, Македонија изобилува и со ендемични видови од областа на фауната. Според европската црвена листа бројот на загрозени видови ‘рбетници во Македонија се движи околу 113, од кои 30 видови риби, еден вид влечуга, 66 птици и 16 видови цицачи.

Најзагрозени од овој аспект се рибите. Во Охридското Езеро, поради масовното користење во исхраната најзагрозени се двата вида пастрмка (Salmo letnica и Salmo balcanicus), додека пак во Преспанското Езеро поради неконтролиран лов загрозено е опстојувањето на крапот.

GG3CvwWEdlU

Од влекачите загрозена е Остроглавата шарка (Vipera ursnii), а од птиците Белоглавиот мршојадец (Gibs Fulfus Habl) и Царскиот орел (Akvila heliaca), кој се среќава само на одредени локалитети: Клисурата на Црна Река, кај реката Бабуна, околу Демир Капија и Мариовско. Овие два вида се дел од 66-те вкупно загрозени видови.

Според Законот за лов, во Македонија 127 видови дивеч уживаат посебен третман, а меѓу нив е Кафеавата мечка (Ursus arctos), која е речиси пред истребување. Иако порано опстојувала на поголем дел од територијата на државава оваа мечка сега може да се сретне во одредени подрачја главно западниот дел на земјата, почнувајќи од Шар Планина до Јабланица, Галичица и Пелистер. Според последните податоци, вкупната популација на Кафеавата мечка, кај нас, изнесува околу 250. Оваа мечка како загрозен вид е заштитена со повеќе меѓународни конвенции, а во Македонија, Законот за лов со кој се забранува нивно убивање, стапи во сила во 1996 г. Истата година е формирана мрежа за зачувување на Кафеавата мечка на Балканот, а во 1998 г. е .формирана мрежа за заштита на крупните ѕверови на Балканот. (Balkan Large Carnivores Conservation Betwork – Balkan Net).

rbetnici_x32

Во заштитените со Закон видови спаѓа и волкот (canis lupus). Волкот се населува најчесто во планиските предели, но не ретко и по ридовите и рамниците, според последните статистики во Македонија има околу 700 волци, а овој вид на ‘рбетници припаѓа на загрозените видови од областа на фауната.

Срната (capreolus capreolus) – ова нежно, грациозно животно, омилено и меѓу љубителите на природата и меѓу децата е омилен плен и на ловците. Мора да се нагласи дека Македонија е можеби единствена држава во која овој вид е трајно забранет за лов, што придонесе за зголемување на бројот на околу 30.000 примероци. Но, по неправедното прогласување на дивата свиња за незаштитен вид, при лов на свињи незаконски се стрела и во срните со што се намали и нивниот број. Според Законот за лов, трајано заштитени се и лебедите.

bezrbetnici1

Загрозените растителни и животински видови и нивната заштита е одговорна и сложена работа. Сето тоа се состои од начини методи и постапки за да се навлезе во фундаменталноста на ботаниката, анатомијата на животните но и законодавството и правото. Со право можеме да кажеме дека ретко во светот да постои земја која на толку мал простор има толку богат и разновитен растителен и животински свет. Македонија изобилува со карактеристични примери на флора и фауна.

Поради низа примарни и секундарни појави, а кои се однесуваат и на колекционирањето се загрозува диверзитетот на флората и фауната на Македонија.

Автор: Розита Закева

/marili.com.mk

- Реклама -