Емотивно опростување на татко од синот кој умирал

Музичарот Крис Пико од Калифорнија доживеа тешка трагедија откако неговата сопруга Ешли починала за време на итниот царски рез во детската болница Лома Линда. Ешли имала само 30 години, пренесува „Daily Mail“.

„Невозможно е да се каже што се се случи во овие неколку дена. Мојата сопруга, мојата најдобра пријателка и мајката на моето дете – почина. Имам цел живот пред мене за да се исплачам за оваа незамислива загуба но, знам дека таа би сакала во потполност да се посветам на нашиот син Ленон Џејмс Пико, кој го преживеа царскиот рез“, напишал тој.

Но, кратко време после оваа објава следел нов удар за Крис. Починал и неговиот син Ленон, стар само три дена.

„Мојот малечок борец, Ленон, заспа вчера во моите прегратки. Беше опкружен со пријателите, семејството и најдобрите доктори на целиот свет. Беше облечен во облеката која му ја купи Ешли, со мали гитари, и замотан ќебенце кое за него го изработи наша добра пријателка“, напишал Крис.

Во продолжението на прошталната порака тој напишал:

„Неверојатно сум благодарен за овие неколку незаборавни дена кои ги поминав со него. Неговата мајка би била пресреќна кога би можела да го види или подржи во рацете, нешто што јас имав шанса да го направам. Бев благословен што и почестен што можев да го сакам уште пред да се обликува, да го ценам додека беше во утробата на Ешли, да го запознаам, и да се простам од него. Немам зборови, но сакав да ве известам за се, поради љубовта и поддршката која ни ја дадовте. Се што ви е потребно е љубов“, додал тој.

Имено, кога Ленон бил роден во 36 недела од бременоста, неговиот татко во болницата ја донел својата гитара. Седел покрај инкубаторот, и му испеал неколку од неговите омилени песни. Со песна и се простил од неговиот мал ангел.

Видеото беше објавено во среда, и за кратко време собра речиси 4 милиони прегледи.

- Реклама -