Емотивна сторија за едно необично момче и едно необично куче

Подгответе ги шамивчињата.

Овен Хокинс е 8-годишно момче од Британија, кое боледува од ретка болест, наречена Шварц-Џампел синдром. Во превод, тоа е медицинска состојба проследена со константа згрченост на мускулите и постојана болка. Овен храбро живее со болката, на која е навикнат, но не и со луѓето. Откако станал свесен и ги сфатил импликациите на својата болест, Овен се плаши да излезе надвор и да биде меѓу луѓе, особено кога нивното внимание е фокусирано на него лично.

Барем било така додека не се појавил Хачи во неговиот живот. Хачи (името не е случајно) е Анадолиски Овчар, кој и самиот има поминато многу премрежија. Во 2012-тата, тој бил удрен од воз, по што морала да му биде ампутирана ногата. И покрај тоа, семејството без двоумење го посвоило.

susret170214screen0[1]

„Тоа беше љубов на прв поглед. Кога го видов прв пат и Хачи ме погледна во очите, заборавив да дишам. Никогаш не сум се почуствувала така во врска со друго куче. Едноставно, знаев дека Хачи е вистинскиот избор што ќе се грижи за Овен. Хачи не одбра нас, а не ние него“, вели мајката на 8-годишното момче.

Пријателството на Овен и Хачи е безгранично – сакаат да си муабетат, да играат во паркот и да одат на изложби на кучиња. Впрочем, во 2013-тата добија и награда „Friends For Life“ (Пријатели засекогаш), откако победија на нивниот омилен и најголемиот британски избор „Crufts“. Нема потреба да напоменеме дека нивната приказна освои милиони срца, но и привлече големо внимание. Само што сега, Овен гордо и со насмевка се слика пред камерите додека крај него верно стои неговиот најдобар другар.

„Навистина сум среќен. Хачи ми го смени животот. Тој е посебен“ – вели малиот Овен, додека вие ги бришете солзите.

- Реклама -