Емотивен момент на Анџелина Џоли (видео)

Кога Холивуд ѝ оддаде почит на нејзината добротворна работа, славната актерка во својот емотивен говор ѝ се заблагодарила на својата почината мајка Маршелин Бертранд.

На петата холивудска церемонија на Governers Awards која се одржа на 17-ти ноември, на популарната 38-годишна актерка Анџелина Џоли ѝ беше предаден почестен Оскар за нејзината хуманитарна работа. Славната актерка е наградена за својот ангажман како специјален пратеник на високиот комесар на ОН за бегалци, за кој од тогаш спровела над 40 мисии во светот.

Во преполната сала Џоли ја претставија актери од нејзиното режисерско деби „Во земјата на крвта и медот“, а наградата ѝ беше предадена од режисерот Џорџ Лукас. Разнежнета од громогласниот аплауз од присутните, Џоли не можеше да ги скрие емоциите. Се заблагодари на членовите на Академијата, пријателите и најмногу на своето семејство.

Angelina Jolie, Brad Pitt i Maddox Jolie-Pitt (Foto: AFP) - 4

Актерката, која на церемонијата ја придружуваше Бред Пит и 12-годишниот син Медокс, им се обратила на своето семејство:
„Љубов моја, твоите насоки и подршка ми помогнаа сѐ што правам да биде возможно“, расплакана изјави Џоли. „Медокс, нема да плачам, ветувам. Нема да ве посрамотам. Ти и твоите браќа и сестри сте мојата среќа. И не постои поголема чест во овој свет од да се биде ваша мајка“.
Потоа се заблагодарила на лицето кое најмногу влијаело на неа, нејзината мајка:

„Таа не беше најдобар критичар, бидејќи никогаш не рекла ништо нељубезно, но ми даде љубов и самодоверба која ми беше потребна. А пред сѐ, таа ме научи дека ништо не е важно ако својот живот не го посветиш на другите. Долго време не знаев што значи тоа„, изјави Џоли.

На крајот од својот говор Џоли се заблагодари на Академијата за ретката можност да ја исполни желбата на својата мајка.
„Го направив тоа што мојата мајка го бараше од мене, а тоа е да направам најдобро што можам со овој живот“, рече Џоли.
„Да бидам од корист. И стоејќи тука денес значи дека сум го направила тоа што се бараше од мене. Да беше жива, ќе беше многу горда. Затоа ти се заблагодарувам за тоа.“

Анџелина во својот говор не го спомнала својот татко Џон Војт.

[youtube]http://youtu.be/2ATgxOp31oI[/youtube]

- Реклама -