Авиокомпанијата „Емирати“ објави дека по краткотраен прекин, повторно ги обновува летовите до и од Дубаи. Овој национален авиопревозник на Обединетите Арапски Емирати претходно најави дека сите летови за и од Дубаи се суспендирани до понатамошно известување. Причина за времениот прекин беше аларм за ирански напад на Меѓународниот аеродром во Дубаи. „Емирати“ е најголемата авиокомпанија во регионот и постои надеж дека ситуацијата ќе се стабилизира.




