Емина се всели во вила од два милиони евра

Пејачката Емина Јаховиќ со својот сопруг Мустафа Сандал неодамна се преселија во нова вила, чија што вредност е проценета на дури два милиони евра.

Новиот дом на пејачката се наоѓа во квартот Бејкоз во Истанбул во кој живеат турските бизнисмени и богаташи. Емина и Мустафа оваа куќа ја граделе цели пет години и се вселиле во неа пред 2 месеци.

mustafa-sandal-emina-jahovic

„Точно е дека неодамна се вселивме во нова куќа. Долго време ја средувавме, го уредувавме внимателно секој агол и од секој милиметар правиме топол и пријатен дом“, вели Емина.

Емина се погрижила целиот мебел да пристигне од Милано и да биде со потписот на Џорџо Армани. Таа не жалела ниту паричка за опремување на домот, па само за бањите дала 100.000 евра. Мијалниците и џакузито се рачно правен и според мерка. Тука е и сауната како и соба за масажи. Дворот на велелепната вила го краси олимписки базен на кој најмногу му се радуваат нивните два сина Јавуз (3) и Јаман(6).

- Реклама -