Емина Јаховиќ најде своја фотографија од тинејџерските години и одлучи да ја сподели со своите фанови и да покаже како изгледаше пред да стане позната и популарна.
Денес таа е успешна пејачка, препознатлива во целиот регион, а покрај тоа е сопруга, деловна жена и мајка. Емина не ги крие своите стари албуми во страв дека ќе се појават во јавноста, и дека сите ќе видат дека не била секогаш толку привлечна.
– Сликата ја најдов во мојата семејна куќа во Нови Пазар. Таа е убаво сеќавање на периодот кога имав 14 години.