Eмина и Кристина немаат ни „Здраво“

 

Иако и двете се дел од „X factor“, Јахович и Ковач максимално се избегнуваат зад сцената и воопшто не комуницираат, пишуваат српските медиуми.

Емина Јахович Сандал и Кристина Ковач се држат подалеку една од друга. Неодамна почнаа да се препукуваат на Твитер, а сега Емина во директниот пренос ја нарече Кристина – колешката.

Наводно, според извори на српскиот „Курир“ тие не се ни поздравуваат.

– Емина и Кристина веќе долго време не разговараат иако работат на исти проект. И финалистите на „ X Factor“ забележаа дека нивниот однос е мнногу лош. Без оглед на тоа што се почитуваат, сепак секој стои цврсто зад своите натпреварувачи поради што изби расправија меѓу нив две, а во која се вклучија и нивните фанови, вели изворот и додава дека пејачките максимално се избегнуваат.

Изворот исто така вели дека помалата сестра на Кристина, Ања не може да ја поднесе Емина.

– Во едно босанско списание пишуваше дека сестра и на Кристина, не ја сака Емина и постојано зборува како не знае да пее и не е за ова шоу, завршува изворот.

- Реклама -