Емили Ратајковски ја краси насловната страна на јунското издание на магазинот GQ.
Британскиот модел кој се прослави со снимање на еден спот на песнта „Blurred Line“ на Робит Тике минатата пролет, сега веќе снима два филма и зборува за тоа како се крие во барови, што мисли за мажите и за својата деструктивна природа.
Убавата бринета вели дека не била импресионирана кога се појавил спотот на „Blurred Lines“, но воопшто не се кае за појавувањето во истиот. Единствено што ја нервира се досадните изјави на мажите:
– Ако постои една работа која ја сакам, тоа би било мажите да престанат да ми се додворуваат со глупави изјави како „Ти си најдобра к*рва во клубов“. Штом видам дека некој дечко ми се приближува во бар, бегам во тоалетот и се кријам, рекла Емили.