Британската мега ѕвезда Елтон Џон изрази желба да разговара со рускиот претседател Владимир Путин во врска со хомосексуалните права, наведувајќи дека „хомосексуалците не претставуваат никаков проблем“ пренесува Би-Би-Си.
„Би сакал да го запознаам, да седнам со него и да разговараме“. Музичарот сака да му наведе на Путин дека „хомосексуалците не претставуваат никаков проблем, затоа што има двојно поголеми проблеми од ова“. Барем ќе можам да кажам дека пробав нешто да направам – изјавува Елтон Џон кој минатата година стапи во брак со долгогодишниот партнер Дејвид Ферниш со кој има два сина од сурогат мајка.
Во Русија хомосексуалноста се сметала за злосторство до 1993г. и како ментална болест до 1999г., а во 2013г. го усвои законот кој со затвор се казнува хомосексуална и педофилска пропаганда кон малолетни лица.