„Елизабет Харли беше љубовница на Бил Клинтон“

Веста која ги потресе шоу-бизнис медиумите е онаа во која британската актерка Елизабет Харли била во тајна љубовна врска со поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон. Барем така тврди поранешниот дечко на оваа актерка…
Денес се зборува за наводната афера на Елизабет Харли и Бил Клинтон. За се е „одговорен“ актерот Том Сизмор кој бил во врска со британската актерка. Тој тврди дека Елизабет и Бил биле љубовници една година, но самата Елизабет набрзо на својот Твитер профил изјавила дека сите обвинувања се „потполно луди“.

Сепак, Том открил и некои детали околу таа фатална средба. Всушност, тој бил на премиерата на филмот ‘Saving Private Ryan’ во Белата Куќа во 1998 година, а тогаш Бил го побарал бројот на британската актерка со која Том бил придружуван. „Дај ми го бројот! Ти наредувам! Јас сум врховен командант“, Клинтон тогаш наводно го кажал, пишува Daily Mail. Клинтон наводно и по Елизабет го испратил својот службен авион во Лос Анџелес за да биде сигурен што побрзо да дојде кај него во Вашингтон.

Прочитајте и:  Наришкин по измените во нуклеарната доктрина: Улогата на НАТО во украинските ракетни напади на Русија нема да помине неказнето

Потпаролот на Клинтон потврдил дека Бил и Елизабет поминале некое време заедно во 2001 година, а заедно се фотографирани и во 2005 година но не ги потрвдиле деталите дека биле во врска.

Затоа што поранешниот дечко на актерката е поранешен зависник од дрога и алкохол, неговите обвинувања не се земаат сериозно.

- Реклама -