На 20 декември (петок) официјално беше отворен продажниот салон на единствената фабрика во Македонија за производство на мебел од 100% природна телешка кожа и штоф од страна на италијански мајстори, Elitte SOFA во Визбегово.
На отварањето присуствуваа бројни гости, пријатели, купувачи и љубители на премиум мебел, а настанот го опиша токму тоа што го нуди Elitte SOFA – елеганција и стил.
„Идејата за отворање на Elitte SOFA потекнува од визијата за висок стил на живеење, но по прифатливи цени. Сакаме нашите потрошувачи да го добијат најдоброто. Квалитетот и удобноста се во фокусот при создавањето на секое парче мебел за кое ја изведуваме најцврстата конструкција и ја користиме најквалитетната италијанска кожа која е 100% природна. Висококвалитетните гарнитури и фотелји се направени од врвни италијански мајстори, кои имаат над дваесет години искуство во оваа работа. Тие го креираат и контролираат процесот на производство на мебелот“, изјави сопственикот на Elitte SOFA, Аднан Хоџа.
На гостите им се обрати и главниот мајстор, Микеле Аѕилона кој има 20 годишно работно искуство во Италија.
„Креираме, дизајнираме, работиме и избравме најдобар тим. И не само естетски, туку секогаш внимаваме и на удобноста, на тој начин што производите им се доближуваат на потрошувачите, за да станат неразделен елемент од нивниот простор“, изјави Аѕилона.
Настанот кулминираше со балетска точка која ги воодушеви гостите.
Фабриката за производство на кожен мебел Elitte SOFA е позитивен пример за домашна инвестиција на пазарот која на потрошувачите им нуди квалитетни производи.
За компанијата Elitte SOFA
Elitte SOFA е единствената фабрика во Македонија за производство на мебел од 100% природна телешка кожа и штоф направен од врвни италијански мајстори. Фабриката започна со работа во 2012 година и оттогаш е оперативна со продажен салон во Визбегово. Освен на македонскиот пазар, производите на Elitte SOFA се продаваат и во Косово, Србија и Албанија. Facebook страна: facebook.com/elittesofa;Веб страна:www.elittesofa.com.