Електронската пошта ја влошува комуникацијата

at_pЕлектронската пошта, која се смета за една од најефективните и
најиновативните изуми на денешницата, всушност претставува начин на кој
се избегнува реалната комуникација меѓу луѓето и решавањето на реалните
проблеми, смета психологот Кен Сигел, претседател на консалтинг-фирмата
„Импакт груп“.


atЕлектронската пошта, која се смета за една од најефективните и најиновативните изуми на денешницата, всушност претставува начин на кој се избегнува реалната комуникација меѓу луѓето и решавањето на реалните проблеми, смета психологот Кен Сигел, претседател на консалтинг-фирмата „Импакт груп“.

Тој истакнал дека зголемената зависност од електронските пораки на луѓето им овозможува да ги избегнат контактите „очи во очи“, со што се намалува продуктивноста на работното место.

– Електронската пошта не е осмислена како средство за комуникации, туку за пренесување пораки. Таа само може да ја влоши комуникацијата меѓу луѓето. А денес електронската пошта предизвикува и психолошка зависност. Ние сме убедени дека не можеме да живееме без неа – рекол д-р Сигел.

Според истражувањето што го спровела истражната американска фирма „Радикати груп“, индивидуалните работници во 2006 година испраќале по 37 електронски пораки дневно. Се очекува тој број да се зголеми до 47 до крајот на оваа година. Сигел истакнал дека на тој начин компаниите трошат голем дел од работното време за нешто непродуктивно. виа.

- Реклама -