Во блиска иднина електричните модели на Tesla ќе одат сами на автомеханичар. Ова го потенцира шефот на германската филијала на американската компанија, Јохен Рудат.
Рудат потврди дека развојот на програмата за автономно движење на електричните возила на Tesla се движи со забрзано темпо и верува дека ова ќе придонесе за одредени новини, посебно во Германија. Се уште не е потврдено дали во системот за самостојно движење има опција за она што го најавува Руперт, но по се изгледа фактот дека Теслините изданија сами ќе го посетуваат сервисот наскоро ќе стане реалност.
– Со новините во возилата, нашите електрични модели ќе одат поретко во сервис во споредба со други автомобили, а кога моделите ќе станат целосно автономни, што ќе се случи наскоро, тие сами ќе одат на сервис и ќе се враќаат.
Тој со задоволство потенцираше дека во неговата земја има се поголем интерес за возилата на калифорнискиот производител и многу се работи на нивната имплементација.
– До крајот на оваа година планираме да ја зголемиме двојно продажбата на Tesla во Германија и реализацијата на нови автомобили да достигне до 26.000 примероци. Сервисната инфраструктура расте во согласност со потребите на клиентите, објасни Рудат. – Со двојното зголемување на нашите корисници, ќе се зголеми и бројот на вработени во нашата филијала.
Во моментов Tesla нуди автопилот и кај двата актуелни модели: Model S и Model X. Кога ќе излезе на пазарот најприфатливиот Model 3, тој исто така ќе биде опремен со таков систем.