Производителите на автомобили наскоро ќе бидат приморани да почнат да ги прават своите тивки електрични возила многу погласни. Ова ќе се случи поради тоа што постои страв дека тивките возила се опасни за пешаците со оштетен вид. Во моментов, три производители имаат различен пристап кон решавање на овој проблем.
Производителите на автомобили наскоро ќе бидат приморани да почнат да ги прават своите тивки електрични возила многу погласни. Ова ќе се случи поради тоа што постои страв дека тивките возила се опасни за пешаците со оштетен вид. Во моментов, три производители имаат различен пристап кон решавање на овој проблем.
Nissan Leaf кој треба да започне да се продава во 2011, е опремен со ситем кој автоматски произведува звуци кога возилото се движи со брзина под 20 километри на час. Според претставници на компанијата, ако возилото се движи со поголема брзина, звукот од гумите ќе биде доволен. Моделот Chevrolet Volt за 2011 има поинаков пристап. Во ова возило возачот ќе треба да притисне копче по што сирената на автомобилот ќе се огласи неколку пати. Од Шевролет велат дека овој систем го развиле во соработка со американската Национална Федерација за Слепи. Киа пак, во нивниот хибрид Optima, ќе вградат систем кој ќе создава лажен звук на мотор со внатрешно согорување кој ќе се вклучува секој пат кога возилото работи само на електрична енергија и се движи со брзина помала од 20 километри на час.
Системот HALOsonic External Electronic Sound Synthesis, создаден од Lotus Engineering дава многу поголем избор на опции, но сè уште не е вграден во ниту едно возило од сериско производство. Овој систем создава голем број на различни звуци од кои возачот може да избере, од постојано зуење, па се до симулиран звук на издув од голем избор на виртуелни мотори. Во моментов, јапонскиот џин Тојота сè уште нема избрано технологија за произведување звук. Но, со оглед на тоа што компанијата е одговорна за околу две третини од постоечките хибридни возила во светот нивниот избор ќе влијае и врз останатите производители.
Причината за развојот на оваа технологија е нов закон кој наскоро ќе биде донесен во САД. Предложениот закон налага „новите електрични или хибридни возила да произведуваат звук“ кога се движат со брзина под 20 милји (32 километри) на час. Проблеот е што законот има две мани, како прво не ја наведува потребата за оваа технологија а како второ воопшто не ги спомнува тивките возила со мотор со внатрешно согорување, туку ги посочува само електричните и хибридните возила како опасни.