Електрични такси возила без возач

Повеќе... Првата работа што паѓа на памет кога ќе помислите на Обединетите Арапските Емирати е нафтата. Но овој регион се труди да ја смени таа слика, такашто ќе креира цел град кој комплетно ќе функционира без употреба на бензин. Овој град наречен Masdar ќе биде футуристичка и еколошка дестинација каде луѓето ќе се движат со помош на електрични такси возила без возачи.


podcar-20090203-425.jpgПрвата работа што паѓа на памет кога ќе помислите на Обединетите Арапските Емирати е нафтата. Но овој регион се труди да ја смени таа слика, такашто ќе креира цел град кој комплетно ќе функционира без употреба на бензин. Овој град наречен Masdar ќе биде футуристичка и еколошка дестинација каде луѓето ќе се движат со помош на електрични такси возила без возачи.

Се зборува дека на улиците на Masdar ќе нема автомобили кои се на традиционален погон, па овие електрични автомобили ќе бидат единствениот превоз, освен возовите, велосипедите или едноставно-одењето пеш.  Овие автомобили, и секој друг вид на транспорт ќе се одвива под земјата. Тие ќе бидат на батерии и ќе возат на електрична мрежа што уште повеќе ќе го ограничи просторот на кој можат да се движат.

Концептот е патниците на овие автомобили, да внесат картичка кога сакаат да ги користат возилата, после што ќе бидат поздравени со нивното лично име и бесшумно ќе бидат однесени на сканата дестинација, или во нејзина близина. Првите вакви автомобили ќе бидат пуштени во употреба кон крајот на оваа година.

- Реклама -