Малибу, Калифорнија е познат по топлите песочни плажи, но и по многубројните холивудски ѕвезди чии живеалишта се наоѓаат токму таму. Сместен во затворената заедница на колонијата ѕвезди, се наоѓа и доскорешниот дом на Џим Кери.
Лоциран во најдобриот дел од колонијата, куќата во целост ги користи бенефитите од положбата. Огромните стаклени прозори, надворешната „палуба“ со скара и трпезарија, како и спа-бањата на кровот се совршени предуслови за уживање во прекрасните зајдисонца, ширината на океанот и околните планини.
Имотот вклучува 5 спални соби и 5 бањи. Кери го купил во 2002-та за 9.75 милиони долари, а неодамна го продаде за 13.4 милиони.