Ел Чапо им објави војна на терористите – му се мешале во работата

Шефот на мексиканскиот наркокартел Синалоа, Хаки “Ел Чапо” Гузман повторно се крие од властите, но тоа не го спречи  да се вмеша во ново непријателство со ИСИД.

mkd-113204

Голем број медиуми, меѓу кои The Mirror, Fox News и New York Post, се повикуваат на кодиран мејл од Гузман објавен на веб страната Cartel Blog. Сајтот информира дека поштата била испратена директно од Ел Чапо до лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади, откако милитантите на терористичката организација изгледа уништиле неколку пратки со дрога на картелот, кој продолжува да се обидува да ја зајакне својата позиција на Блискиот Исток. Еве што стои во пораката, според Cartel Blog:

“Вие (Исламска држава) не сте воини. Вашиот бог нема да ве спаси од вистинскиот терор кој моите луѓе ќе го наметнат над вас ако продолжите да ми ги попречувате активностите… Моите луѓе ќе ве уништат. Светот не е ваш, за да ги диктирате правилата. Го жалам следниот кучкин син, кој ќе се обиде да се меша во бизнисот на картелот Синалоа. Ќе му ги извадам срцето и неговиот јазик.

Бракот меѓу дрогата и тероризмот не е нешто ново, но засега нема подетални информации околу автентичноста на писмото.

- Реклама -