Ексцентричен изум за позабавен живот: Телепортирајте ги вашите очи

Секој ден истото. Животот знае да стане прилично монотон и досаден. Подготвени за нови и проширени видици? Сакате да го видите светот од перспектива на вашиот стомак? Или да погледнете од високо, како да сте жирафа? Звучи ексцентрично, но бидете искрени, малку наивно и детско возбудување добро ќе ви дојде.

Eye-Teleporter не е нешто што би го нарекле хај-тек изум, но е едноставна и уникатна технологија направена од картонски перископ и пар огледала, што ќе ја поместат вашата перспектива на гледање според вашата желба. Едноставно, „облечете“ ја направата на главата и уживајте во новиот поглед на светот каков што досега не сте го виделе.

juste-kostikovaite-eyeteleporter-mask-mirrors-cardboard-visual-perception-designboom-06[1]

Било да сакате да погледнете преку некоја висока ограда или сакате всушност да видите нешто од случувањата на сцената на преполниот концерт, „со овој изум, вашите очи одат на места каде што не би требало да бидат“.

Проектот е дело на литванeцот Џусте Костиковајте и во моментов се наоѓа во фаза на фундирање, на Kickstarter.com.

Во „Во друштвото на мртвите поети“, професорот (игран од Робин Вилијамс) ги тера учениците да се качат и да застанат на клупите, за да ја видат училницата од поинаков агол. Здраво искуство е. Очигледно, мозокот наоѓа чудно задоволство во тоа да ги погледне познатите нешта од непозната перспектива. Децата постојано го прават тоа додека се мали. Ние од друга страна, можеби сме постари и сериозни, но зарем тоа значи дека мораме да бидеме досадни? Бидете ексцентрични. Бидете љубопитни. Исполнете си го животот со мали и едноставни задоволства. Бидете среќни и ич да не ви е гајле ако ве гледаат како чудак. Немате оправдување. Токму така изгледате кога зборувате сами со себе (затоа што имате hands-free на мобилниот), па не ви пречи.

- Реклама -